Во неколку руски градови во изминатите денови се одржаа протести против одлуката на Владимир Путин да ја нападне Украина.Исто така, многу познати Руси, како и поранешниот шеф на дипломатијата на Борис Елцин, јавно го кренаа својот глас против агресијата што ја спроведува нивната земја.
На Твитер беше објавено видео, наводно снимено во Тел Авив, каде што многу Руси ги палат пасошите пред нивната амбасада во израелската престолнина.