Вечерва се отвора манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република“, која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, ќе биде отворена вечерва на месноста Гумење, во организација на Општина Крушево.

На манифестацијата ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево, на прослава на националниот празник Илинден.

Претходно, коњаницата, која тргна од скопската населба Лисиче, ќе дојде пред столбот на Крушевската Република, ќе се формира поворка, по што делегацијата за полагање цвеќе со коњаницата ќе се упати кон Гумење. Ќе биде положено цвеќе пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, на гробот на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, Криптата на илинденските востаници.

Во рамки на програмата предвидена е посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев.

По отворањето на манифестацијата пред споменикот „Илинден“ ќе настапат Националната филхармонија и хорот на Национална опера и балет, ансаблот „Танец“ и балерината Ивана Коцевска.

На платото кај Гумење ќе биде прочитан Крушевскиот манифест и ќе се обрати претседателот на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“, м-р Томе Христоски.

Според програмата, на крајот од вечерта концерт ќе одржи Камерниот оркестар, а ќе настапат и неколку македонски пејачи. Централната манифестација по повод Илинден ќе се одржи утре на Мечкин Камен.

Share This Article