Сите наводни инфоемции, како и сите лажни известувања и вести кои сееја страв и паника синоќа и рано изутрина во Охрид, дека имало наводно прободени дечиња со нож на концерти во Охрид се ЛАЖНИ.
За да се смири јавноста, редакцијата Охридскај се обрати до СВР Охрид и до јавните здравствени установи во Охрид, од каде добивме одговор дека во изминатото деноноќие нема ниту еден таков настан за наводни напади со ножеви на концертите во Охрид, туку итната медицинска помош во два наврати реагирала на еден концерт во Охрид во давање на прва медицинска помош на неколку малолетници кои биле во тешка алкохолизирана состојба.
За ваквата состојба секако треба да се запрашаат родителите кои ги испраќаат своите дечиња до раните утрински часови и не водат грижа за нив. Постанавме Општество со изгубени вредности.