More

    Важно да се утврди улогата на постариот брат на исчезната Данка од Србија кој тој ден исто така бил на местото на исчезнувањето

    spot_img

    Важно да се утврди улогата на постариот брат на исчезната Данка од Србија кој тој ден исто така бил на местото на исчезнувањето, изјави утринава српскиот професор и форензичар Душан Кецкаревиќ  пренесува српскиот портал Блиц. Форензичарот вели дека  има уште непознаници во истрагата.

    „Тој е дете, не треба да го трауматизираме“

    Мајката Ивана Илиќ била на местото на исчезнувањето со нејзиниот постар син. Според професор Кецкаревиќ, прашање е дали синот забележал нешто со оглед на тоа што бил на местото на настанот.

    – Станува збор за многу чувствителни теми, тој е многу мало дете, па вклучени се социјални служби и психолози. Сега треба да добиеме информации без дополнително да го трауматизираме детето. Прашање е дали забележало нешто во конкретниот случај. Детето секако забележува, но нема индиции дека присуствувало друго лице во околината, дека се случувало нешто чудно, се слушал некој звук или дека нешто би укажало на начинот на извршување на ова дело – вели форензичарот.

    Треба да се испита и постарото дете

    Од друга страна, пак, психологот Радмила Вујовиќ Бојовиќ напомена дека во истрагата треба да се вклучи и постарото дете.

    – Не смееме да заборавиме дека и постарото дете тогаш присуствувало. Истражните органи некако му обрнале внимание и нему. Тие знаат што прават и имаат план, но и постарото дете треба да биде дел од испитувањето. Сите опции сѐ уште се отворени – вели психологот.

    Данка не избегала сама и не ја киднапирал некој друг

    Маја Јовановиќ, од Бирото за борба против трговија со луѓе, денеска изјави дека ја исклучува можноста детето само да се оддалечило, како и можноста за физичко киднапирање на местото на настанот поради сите фактори околу исчезнувањето на детето, вели српскиот портал Телеграф.

    – Фокусот мора да биде ставен на мајката бидејќи таа е единствената личност која последен пат го видела девојчето, целиот сплет од околности, околу пријавата за исчезнување и самото исчезнување, збунува и е нејасен – вели Јовановиќ.

    Денеска е 9-ти ден од потрагата по 2-годишната Данкa Илиќ која исчезна во Бањско Поље кај Бор. Полицијата сѐ уште детално го проверува местото каде што последен пат е видено девојчето. Виенската полиција се вклучи во истрагата по објавувањето на видеото на кое можеби е исчезнатата Данка Илиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img