More

    Вашингтон ги отфрла руските тврдења за вмешаност на Украина во терористичкиот напад

    spot_img

    Белата куќа денеска ги отфрли руските тврдења дека пукањето во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, во кое загинаа 137 лица, е поврзано со Украина, објавија британските медиуми.

    – Тоа нема никаква врска со Украина… Ова е само дополнителна пропаганда на Кремљ – изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби на прес-конференција.

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ги обвини САД дека  се обидуваат да ја спасат Украина со спомнување на терористичката група Исламска држава (ИД, ИСИС) којашто е забранета во Русија.

    – Американските политички инженери се појавија со своите приказни дека терористичката група ИСИС го извршила нападот во „Крокус сити хол“. Оттука доаѓа и секојдневното спасување од страна на Вашингтон, од неговите одделенија во Киев, со обид да се покрие себе и да го покрие режимот на Зеленски што го создадоа со плашилото на забранетата ИСИС – рече Захарова.

    Захарова истакна дека голем број фактори директно и индиректно укажуваат на вмешаноста на американските власти во спонзорирањето на украинскиот тероризам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img