More

    Уставот и законите ќе ги почитуваме сите, вели Мицкоски

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, во интервју за централниот Дневник на телевизија Сител, ги изнесе своите ставови во врска со заклетвата и употребата на уставното име на државата.

    Мицкоски рече дека заклетвата ќе биде во согласност со уставното име, нагласувајќи ја важноста на почитувањето на Уставот и законите. Тој додаде дека во секојдневната употреба ќе го користи името „Македонија”, потврдувајќи го својот став за заштита на националниот идентитет.

    – Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме – изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на правната држава и примената на законите од страна на сите граѓани, вклучувајќи ги и политичарите.

    – Уставното име на државата е јасно, не треба сега тука ние да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име тоа е со придавката – појасни Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img