More

    Уставен не поведе постапка за прекувремените работни часови

    spot_img

    Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, иницијатива што ја покренаа партијата „Левица“, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Сојуз на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, а која се однесува на работните часови на работниците за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“.

    Според Уставниот суд, не се прифатени наводите во иницијативите на подносителите, бидејќи судот не нашол неуставност во одредбите кои ја уредуваат прекувремената работа за проекти од стратешко национално значење.

    – Според Уставниот суд, неосновани се наводите дека не е предвидена горна граница на прекувремената работа. Тоа е определена токму во ставот 2 на оспорениот член, односно дека работата над 40 часа неделно се смета и се плаќа како прекувремена работа, со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор во согласност со членовите 133 и 134 од Законот за работните односи. Токму овие членови го регулираат правото на дневен одмор, односно правото на работникот да има дневен одмор од 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена и правото на работникот на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато – рече Христина Беловска, портпаролка на Уставниот суд.

    Според неа, формулацијата на оспорената законска одредба дека ниту еден работник не може да биде распореден да работи прекувремена работа без негова согласност, упатува дека прекувремените работни часови се избор, а не се обврска.

    Синдикатите реагираа дека одлуката на Уставниот суд е печат на модерно ропство како краен облик на искористување на луѓето од други луѓе, односно од странци дојдени да ги експлоатираат македонските работници, нешто што се случувало од колонизаторите во минатиот век.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img