More

    Универзитетот Јејл ќе се воведе предмет за работата на музичката ѕвезда

    spot_img

    Универзитетот Јејл следната година ќе воведе нов предмет кој ќе ја проучува работата на поп-ѕвездата Бијонсе, која има рекордни 99 номинации за наградата Греми и е препознаена како една од највлијателните женски уметници во музичката историја.

    Насловен како „Бијонсе прави историја: радикална афро-американска традиција, култура, теорија и политика преку музика“, предметот ќе се фокусира на периодот од нејзиниот истоимениот албум од 2013 година до годинешниот „Cowboy Carter“ и како светски познатата пејачка и текстописец создаде свест и ангажман во социјалните и политичките идеологии, објави „Еј-би-си њуз“.

    Професорката по афроамерикански студии на Универзитетот Јејл, Дафне Брукс, планира да го искористи обемниот репертоар на пејачката, вклучувајќи снимки од нејзините настапи во живо, како „портал“ за студентите да учат за афроамериканските интелектуалци, од Фредерик Даглас до Тони Морисон.

    „Ќе ги сфатиме сериозно начините на кои критичката работа, интелектуалната работа на некои од нашите најголеми мислители во американската култура се однесуваат на музиката на Бијонсе, и ќе размислиме за начините на кои можеме да ја примениме нивната филозофија на нејзината работа“, рече Брукс, пренесе Танјуг.

    Бијонсе, чие полно име е Бијонсе Жизел Ноулс-Картер, не е првиот уметник за чии остварувања ќе се учи на универзитетите.

    Универзитетите ја проучуваа работата на кантавторот Боб Дилан, а неколку универзитети неодамна понудија часови за пејачката Тејлор Свифт и нејзините текстови и наследство во поп културата. И професори на други универзитети, исто така, ја вклучија Бијонсе во нивните премети или понудија часови за суперѕвездата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img