More

    Бијелиќ сподели фотографија од пред 14 години, разликата е неверојатна

    spot_img

    Српската пејачка Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ одлучија да се разведат по 24 години љубов.

    Во текот на нивниот долгогодишен брак, Драгана и Тони стекнале имот на кој многумина им завидуваат, а секако на прво место е замокот во Австрија во кој со години живееја со своите деца.

    Тие го изнајмиле замокот Ебенфурт на 100 години од 12.000 квадратни метри, а се проценува на повеќе од 50 милиони евра.

    Замокот во близина на Виена за Драгана е оаза на мирот, а токму во тој замок некогаш живеела Марија Тереза.

    Замокот поседува сала за бал, каде Драгана организира семејни прослави, има неколку спални соби, базен, камин, дрвени скали кои водат до првиот кат, бања украсена со кристали „Сваровски“, приватна сауна, а пред неколку години семејното гнездо го потполниле со прекрасен италијански мебел, пишува српски „Блиц“.

    Сепак, замокот не изгледал секогаш како денес. Имено, Бијелиќ еднаш на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која ја покажа разликата во изгледот од девет години.

    Првата фотографија од замокот пред реновирањето е направена во 2010 година, додека втората, кога е целосно реновиран, е направена во 2019 година.

    Тони со таа објава ја покажа разликата во изгледот, а за многумина разликата што ја постигнале е неверојатна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img