Познатата пејачка им ја исполни желбата на фановите и на концертот им го откри полот на детето

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако еден пар успеал да прошверцува голем транспарент на концертот на Адел во кој барала да го открие полот на нивното дете, таа им ја исполнила желбата. Иако им рекла дека тоа што го направиле не е дозволено, не можела да им одолее и на задоволство на сите се согласила да им направи услуга и на тој начин им помогнала да создадат посебен момент кој стана вирален.

Пејачката видела знак кај публиката и ја повикала двојката да и се придружи на сцената, ги замолила да се претстават, а потоа седнала и зела во раце плик со информациите што со недели ги чувале за овој посебен момент. Пејачката била толку воодушевена од барањето што дури ги прашала дали има нешто посебно што би сакале таа да им каже и дали имаат некој кој го снима овој момент.

„Почестени сме што ќе го направите ова за нас. Ги имаме информациите од 12-та недела, но го чекавме овој момент“, ѝ рекол обожавателката пред Адел да го скине пликото и да прочита што има внатре. Кога прочитала дека чекаат момче, воодушевено ги прегрнала и рекла дека ова е одличен момент и дека е исклучително среќна за нив, а потоа дури и заплакала.

„Ова беше многу емотивно. Ако и кога повторно ќе забременам, ќе ми го кажеш ли полот на детето?“ ги прашала, поттикнувајќи ги гласините дека планира да има дете со вереникот Рич Пол.

Особено затоа што за време на минатогодишното интервју за магазинот Elle изјавила дека планира уште едно дете покрај синот што го доби во бракот со Сајмон Конецки.

Share This Article