Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека 257 здравствени установи и училишта се уништени од поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Џигава, Нигерија.
Рахама Мохамед Фарах, претставник на УНИЦЕФ во провинцијата Кано, рече дека поплавите предизвикале значителна штета, јавува Anadolu Agency.
Фарах додаде дека вкупно 230 здравствени установи и 27 училишта се уништени во поплавите во провинцијата Џигава.
Поради поплавите се раселени и неколку стотици луѓе.
„Многу од овие луѓе се засолниле во неоштетени училишта и други згради. Овие луѓе се изложени на ризик од епидемии како маларија, грип и дијареа“, рече Фара.
Во Нигерија, 603 лица загинаа, а повеќе од 1,3 милиони луѓе се раселени поради поплавите предизвикани од дождовите што траат од мај.