More

    Има потенцијал да стане една од главните туристички еко дестинации во земјава

    spot_img

    По долг консултативен процес, Министерството за животна средина и просторно планирање на вчерашната јавна расправа го презентираше Нацртаконот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, во кој се предлага категоријата на заштита, зонирањето на заштитеното подрачје, како и начинот на управување.

    Расправата ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој истакна дека Кањонот Матка е еден од најспецифичните и најуникатните природни локалитети во државата.

    – Богатството со природни и културни вредности го вбројуваат Кањонот Матка во еден од најрепрезентативните објекти на природата во Република Северна Македонија – истакна Нуредини, нагласувајќи дека прекрасните видиковци, богатството со спелеолошки објекти посебно пештерите, уникатниот жив свет, културното и духовно богатсво, како и близината до градот Скопје даваат безброј можности Кањонот Матка да стане една од главните туристички еко дестинации во државата.

    – Наша цел е да го заштитиме богатството со кое природата нѐ дарувала, но на начин со кој ќе се овозможи одржлив развој и социоекономски просперитет за жителите – одговори Нуредини на прашање на жител на село Глумово за влијанието на прогласувањето на заштитеното подрачје врз животот на локалното население и нивните секојдневни активности.

    Со Нацртот на Законот се предвидува со споменикот на природа Кањон Матка да управува Град Скопје во соработка со општина Сарај.

    – Задоволни сме што за овој предлог добивме позитивно мислење и од Градот Скопје и од општина Сарај во која се наоѓа овој вреден споменик на природата. Начинот на управување ќе биде тема на расправа кога управувачкото тело ќе изработи Нацрт план за управување за кој исто така ќе биде консултирана јавноста – рече министерот Нуредини.


    Презентација за природните вредности и за начинот на зонирање на имаа Васил Атанасовски, конзерватор советник за гео вредностите и биодиверзитетот за Кањон Матка, професор д-р Ивица Милевски, редовен професор на Природно Математичкиот факултет, а на Нацртот на Законот претставници од МЖСПП.

    Изработката на Нацрт Законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата e во рамки на активностите на Министерството за животна средина и просторно планирање за валоризација или ревалоризација на заштитени подрачја и прогласување на заштитени подрачја и исполнување на обврските од Законот за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност за период (2018-2023).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img