Украина соопшти дека сè уште се бори за контрола на источниот град Бахмут

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ukraine's President Volodymyr Zelenskiy addresses Ukrainian people on the New Year eve, amid Russia's attack on Ukraine, in Kyiv, Ukraine, in this handout picture released December 31, 2022. Ukrainian Presidential Press Service/Handout via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY.

Украина денеска соопшти дека сè уште се бори за контрола на источниот град Бахмут, откако претседателот Володимир Зеленски претходно изјави дека „градот е уште само во нашите срца“, додека рускиот претседател веќе честиташе за „заземањето на градот“ и вети признанија.

Запрашан пред состанокот со американскиот претседател Џо Бајден во Јапонија дали украинската армија сè уште се бори во Бахмут, откако Русите рекоа дека целосно го зазеле, Зеленски им рече на новинарите: „Мислам дека не е така“. Тој додаде: „Денес Бахмут е уште само во нашите срца“.

Но, портпаролот на украинскиот претседател подоцна појасни дека Зеленски одговорил на вториот дел од прашањето.

– Новинарското прашање: Русите рекоа дека го зазеле Бахмут“, го напиша Серхиј Никифоров на Фејсбук. Одговорот на претседателот е: Мислам дека не“. На овој начин претседателот го негираше освојувањето на Бахмут – рече портпаролот на Зеленски.

Русија вчера соопшти дека целосно го освоила источниот украински град, што, доколку е вистина, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна.

– Тоа е трагедија. Ништо не остана – рече Зеленски во Хирошима.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им честиташе на групата Вагнер и на руската војска за, како што рече, „ослободувањето“ на Бахмут, кој Русија го нарекува со своето советско име Артјомовск.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека битката – најдолгата и најкрвавата во 15-месечната војна – завршила со руска победа и дека тие кои учествувале во неа ќе добијат државни признанија.

„Шефот на државата ѝ честиташе на борбената група Вагнер, како и на припадниците на руските вооружени сили кои им ја пружија потребната поддршка и ги покриваа нивните крила, на завршувањето на операцијата за ослободување на Артјомовск“ – се вели во соопштението на Кремљ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article