Украина сака Турција да биде гарант за евентуален договор со Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во четвртокот побара од Турција да биде „еден од гарантите“ за можниот договор со Русија, изјави неговиот колега Мевлут Чавушоглу, кој е во посета на Лавов во западна Украина.

„Украина поднесе предлог за колективен безбедносен договор: П5 (пет постојани членки на Советот за безбедност) плус Турција и Германија“, додаде Чавушоглу.

„Во моите вчерашни контакти во Москва, видов дека Руската Федерација нема забелешки и дека може да прифати таков предлог“, рече министерот, кој во средата во Москва се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во изјавата за новинарите по двете дипломатски средби, Чавушоглу рече дека „надежта за примирје порасна“.

Дополнително, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, кому го повтори неговиот предлог да биде домаќин на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски „во Анкара или Истанбул“.

Ердоган ја истакна и „потребата од отворање на хуманитарни коридори“ за да може цивилите да бидат евакуирани од зоната на конфликтот, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Share This Article