Уганда го пријави првиот смртен случај од ебола од 2019 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A health worker puts on protective gears as he prepares to screen travellers at the Mpondwe Health Screening Facility in the Uganda's border town of Mpondwe as they cross over from the Democratic Republic of Congo, on June 13, 2019. - A grandmother in Uganda has died from Ebola, health officials said on June 12, 2019, the second fatality in the country since a major outbreak in Democratic Republic of Congo crossed the border. (Photo by ISAAC KASAMANI / AFP)

Министерството за здравство на Уганда денеска објави „епидемија“ на вирусот ебола во таа земја, каде едно лице почина од ебола, три години по последната регистрирана смрт.

„Уганда го потврди избувнувањето на болеста со вирусот ебола во областа Мубенде. Потврдениот случај е 24-годишен маж…кој имал симптоми на болеста, а потоа починал“, соопшти Министерството на својот официјален профил на Твитер.

Случајот е предизвикан од редок вид на вирусот ебола кој доаѓа од Судан и не е регистриран во Уганда од 2012 година, соопшти Одделот за Африка при Светската здравствена организација.

СЗО за Африка објави дека ќе испрати тим и опрема за да помогне во истрагите и одговорот.

Уганда веќе имаше епидемии на ебола, а најновата беше во 2019 година, кога починаа пет лица. Во 2000 година, 200 луѓе починаа во епидемија на северот на земјата.

Еболата често е фатална болест, но сега има вакцини и лекови против оваа хеморагична треска, која на луѓето се пренесува преку заразени животни.

Болеста меѓу луѓето се пренесува преку телесни течности, а главни симптоми се треска, повраќање, крварење и дијареа.

Демократска Република Конго, соседната земја на Уганда, досега имаше 14 епидемии на ебола, а последната беше прогласена во април и јули 2022 година.

Еден случај на ебола беше пријавен во август во Демократска Република Конго во провинцијата Северен Киву, која граничи со Руанда и Уганда.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article