Фудбалскиот сојуз на Србија ќе отвори истрага поради сомневање за регуларноста на уште еден натпревар од Првата лига на Србија. Дисциплинската и етичката комисија на ФСС ќе поведе постапка, врз основа на извештај од УЕФА, за регуларноста на натпреварот од 29. коло меѓу Текстилац и Младост ГАТ (1:2).
Како што дознаваат колегите од Србија, случајот треба официјално да биде отворен во четврток попладне.
Веднаш по натпреварот во Оџаци, од европската чадор фудбалска куќа пристигна црвен сигнал за голем број уплати за победа на гостинската екипа. Коефициентот брзо падна и достигна рекордно ниска вредност во пресрет на натпреварот.
Бидејќи натпреварот подоцна заврши со очекуваниот и „снимен“ исход, УЕФА ги проследи доказите до Фудбалскиот сојуз на Србија.
Спорт Клуб дознава дека истрагата главно ќе ги опфати играчите на Тексстилац. На клубот од Оџак му се заканува финансиска казна, или казна одземање од шест до 15 бода, предвидуваат првите информации од УЕФА.