More

    Удирањето во гради и изнесувањето невистини нема да му помогнат, пишува амбасадорот Дабиќ

    spot_img

    Во последното интервју (поткастот на Плусинфо) претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи најмалку пет пати повтори како ја спасил Македонија од настрвените Бугари, а истовремено нема храброст да прифати одговорност и пласира шпекулација дека предлогот за промена на Уставот му бил „шепнат“ од висок претставник на една голема опозициона партија, пишува амбасадорот Зоран Дабиќ од Македонскиот дипломатски синдикат, кој истовремено е член на ГК на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Во еден момент Османи се фали како тој успеал да ги помести бугарските барања од колосек на идентитетски прашања на колосек на човековите права, признавајќи дека ете тоа е токму тој што официјално им понудил на Бугарите да бидат внесени во преамбулата на македонскиот Устав.

    Веднаш во следниот момент, тој се оградува од својата „инвентивност“ и иницијативност“, кажувајќи дека предлогот за промена на Уставот му бил „шепнат“ од висок претставник на една голема опозициона партија.

    Не му е прв пат на Османи да нема храброст да прифати целосна одговорност за кажаното и да оди чекор напред, чекор назад. Така беше и со Францускиот предлог, кога тој го прескокна целото МНР и го прифати предлогот, патем лажејќи дека „високите дипломати“ го разгледале. Што ќе рече, се согласиле со него, зашто ете никој не му се спротивставил. Но не било баш така, на тој 5 јуни 2022 година на Османи му се спротивстави Македонскиот дипломатски синдикат, кога јавно, на говорница пред Собранието на Република Македонија, поради ова невистинито тврдење побара негова оставка. Прв и единствен случај на светот, активни дипломати да бараат оставка од својот министер! Нема сомнение, по нешто ќе остане запомнат во историјата како прв, па макар само во онаа дипломатската“ – пишува Дабиќ во колумна за Мкд.мк.

    Дабиќ исто така го коментира спомнувањето од страна на Османи на „уникатното искуство со претседавањето со ОБСЕ“.

    „При тоа, не кажа ништо за испуштената шанса на земјите учеснички барем малку да им ги доближи проблемите на Македонија што ги продуцира источниот сосед, не го спомна неговото бесрамно саморекламирање дека ќе ги решавал споровите Србија-Косово, Ерменија-Азербејџан па дури и Израел-Хамас, па дури и дека тој го спасил ОБСЕ од распаѓање! Да не е смешно, би било жално.

    Удирањето во гради нема да ја крене довербата за Османи кај граѓаните на Македонија. Имаше можност да биде професионален прв дипломат, но тој одбра да биде чист партиски војник: да ја урниса македонската дипломатија со претворање на МНР во трло на ДУИ, да ги полни амбасадите и конзулатите со неспособен партиски кадар без око да му трепне за бројните јавни критики и да се бори повеќе за некои соседни земји, отколку за Македонија“ – пишува амбасадорот Дабиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img