Таа преку социјалните мрежи со емотивна објава се прости од актерот. Поминаа неколку години заедно, на почетокот на неговата блескава кариера.
Познатиот уметник и актер Жарко Лаушевиќ почина на 15 ноември на 64-годишна возраст по кратка борба со подмолната болест и зад себе остави скршено семејство, колеги, јавноста ширум регионот и сите што го сакаа.
Животот на неповторливиот Лаушевиќ го одбележа голема трагедија од која тој никогаш не се опорави, а болката ја преточи во автобиографски романи кои и денес се меѓу најчитаните.
Имал два брака и три деца, а втората сопруга Анита, која е познато име во Холивуд и со која ја доби ќерката Јана, ја сакаше до крајот на животот.
Малкумина знаат која била првата љубов на актерот. Станува збор за актерката Маја Митиќ, која глумеше во филмот „Шмекер“, каде ја глумеше поубавата половина на Павел Ивков (Жарко Лаушевиќ) и тогаш го освои со својата убавина и глума, но многу брзо се повлече од јавниот живот.
Смртта на актерот ја „скршила“, а по тој тажен повод се огласи на социјалните мрежи.
„Мирно патувај кон светлината, пријателе од почетокот на нашите кариери. Кревам една чаша за сето она што беше тој овде на нашата Сина, вечен шмекер надвор од границите на земното и временското“, напишала неутешената Маја.
По улогата на Лела, се посветила на театарот, а денес е уметнички директор на фестивалот Нишвил, пишува „Новости.рс“.
Околу 2000 година, таа работеla како гостувачка професорка по современа театарска техника на Универзитетот во Ајова и САД. Од 2008 година е гостувачка професорка по театарска уметност на магистерски студии на Универзитетот Голдсмит во Лондон.
Израснала во Ниш, пленела со својата убавина, а на нејзиниот шарм никој не останал рамнодушен, па ни тогаш неповторливиот Жарко Лаушевиќ.