Холивудската актерка Марго Роби (34) е бремена, пренесува магазинот „Пипл“.
Ова ќе биде прво дете за австралиската актерка и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли.
Папараците успеаја да ја уловат бремената Марго, а според објавените фотографии, актерката од хитот „Барби“, изгледа неверојатно убаво во бременоста.
Инаку, двојката се запознала додека работела на филмот „Suite Française“ од 2014 година.
Иако Том не е актер, тој работи и во филмската индустрија и е многу успешен продуцент. Кариерата ја започна како продукциски асистент. Пред тоа, тој се појави како статист во првите три филмови за Хари Потер. Кога првпат се сретнаа на снимање во 2013 година, Марго ја играше Селин додека Том беше зад камерата како асистент режисер.
„Бев слободна девојка. Идејата за врски ме тераше да повраќам. А потоа ми се случи тој“, рекла таа подоцна за „Вог“ за нивната прва средба, додавајќи: „Бевме пријатели многу долго. Отсекогаш бев вљубена во него, но си помислив: „Ох, тој никогаш нема да ми ја возврати љубовта“.
Во 2016 година тајно се венчаа во Австралија. Во меѓувреме, двојката откри дека го одложиле меден месец за да работат на „Јас, Тоња“, што на Марго Роби и ја донесе првата номинација за Оскар во 2018 година. Тие отсекогаш ги држеле своите приватни животи подалеку од очите на јавноста. Всушност, дури по прес-турнејата на „Барби“ минатата година тие почнаа редовно да се појавуваат во јавноста заедно.