Две лица се уапсени за убиството на девојчето Данка Илиќ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тие го признале убиството. На прес конференцијата Вучиќ изјави:
„Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка, а колку што разбрав и двајцата го признале тоа. Со какви чудовишта си имаме работа. Во моментов полицијата со убијците одат на местото каде го фрлиле телото на малата Данка“, истакна Вучиќ.