Полскиот премиер Доналд Туск најави потпишување на билатерален безбедносен договор со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон, кој почнува на 9 јули.
„Постои 99 отсто шанси да го потпишеме тој договор со (украинскиот) претседател Володимир Зеленски (пред самитот)“, им рече Туск на новинарите.
Тој додаде дека договорот е практично „завршен“ и дека треба да се разјаснат само неколку детали и формулации, пренесува Ројтерс.
„Морам да одредам со министерот за одбрана како можеме да продолжиме да и помагаме на Украина, но не можеме да ги ослабиме одбранбените способности на Полска“, изјави Туск за новинарите.
Европската унија и две нејзини земји-членки, Литванија и Естонија, вчера на самитот во Брисел потпишаа договори за безбедност со украинскиот претседател.