More

    Турбината од гасоводот „Северен тек“ која беше сервисирана во Канада, но не смее да стигне во Русија поради санкциите, можеби ќе биде спасена

    spot_img

    Турбината од гасоводот „Северен тек“ која беше сервисирана во Канада, но не смее да стигне во Русија поради санкциите, можеби ќе биде спасена. Германија преку својот министер Роберт Хабек ја повика Канада, којашто во моментов ја поседува турбината, да не ја враќа истата во Русија, туку да ѝ ја достави на Германија.

    На овој начин ќе бидат запазени западните санкции.

    – Ако ова е правно прашање за Канада, сакам да разјаснам дека не барам од нив да ја достават (турбината) во Русија, туку да ја достават до Германија – објасни германскиот министер за економија, Роберт Хабек, пишува агенцијата РИА.Политичарот ги повика канадските власти да не го одложуваат ова прашање и да донесат одлука пред почетокот на превентивниот работен период.

    Турбината е наводната причина на Русија за запирање на голем дел од гасот за Европа, а Германија стравува дека тој може целосно да секне. Додека Западот ја обвинува Русија дека уценува со енергенсите, Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ смета дека е чудно „да се вовлекува политиката во сè“, нарекувајќи ја ситуацијата со гасоводот технолошки проблем.

    Од средината на јуни, рускиот магнат „Газпром“ го намали снабдувањето на Европа преку Северен тек, објаснувајќи го тоа со доцнење во работата на германскиот „Сименс“, кој поради канадските санкции против руска компанија не може да ја врати од поправка турбината од компресорската станица Портоваја.

    По настанатите ограничувања, „Газпром“ објави дека ќе може да испорачува гас на Северен тек во количина до сто милиони кубни метри дневно, од планираните 167 милиони, бидејќи моментално работат само три гасни компресори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img