More

    Рекорден број кинески балони се забележани над Тајван

    spot_img

    Тајван во неделата откри шест кинески балони во воздушниот простор над својата територија, најмногу досега. Еден прелетал директно над островот, додека петмина биле забележани во близина на северниот крајбрежен град Килунг, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.

    Мапата објавена од министерството покажува дека еден балон го надлетал островот над јужната област Пингтунг, пренесе француската новинска агенција АФП.
    Министерството, кое води дневна евиденција за кинеската активност во близина на Тајван, ги сними сите шест балони во неделата, кои летаат на височина од 4,6 до 5,2 километри.

    Во однос на Тајван, Кина го следи принципот „Една Кина“ и никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за потчинување на островот. Во последниве години, таа го зголеми своето воено присуство и секојдневно испраќа авиони и бродови во областа околу Тајван.

    Неколку кинески балони, исто така, беа забележани во воздушниот простор на Тајван во последниве месеци, последниот по претседателските избори овој месец на кои славеше кандидатот на владејачката Демократска напредна партија (ДПП), Лаи Чинг-те, кого Кина го опишува како сепаратист.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img