More

    Циклонот Кирили ја пустоши Австралија

    spot_img

    Тропски циклон беснее низ Австралија. Нема извештаи за жртви или повредени, но се пријавени неколку прекини на електричната енергија.

    Силен тропски циклон денеска ја погоди североисточна Австралија, оставајќи десетици илјади домаќинства без електрична енергија. Од државата Квинсленд има извештаи за силни ветрови кои соборуваат дрвја. Причинета е и помала материјална штета, јавуваат странските агенции.

    Тропскиот циклон Кирили го погоди Таунсвил со налети на ветер до 100 милји на час пред да ослабне. И покрај силниот ветер, засега нема извештаи за повредени или загинати.

    64.000 домаќинства привремено останаа без струја. Надлежните превентивно ги советуваа жителите да зовриваат вода.

    И покрај тоа што циклонот ослабе, во Квинсленд останува предупредување за обилни врнежи и силен ветер, издадено од австралиското биро за метеорологија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img