Цените на земјоделските производи за една година пораснале за 14%, а трошоците за се намалиле за 1,1 отсто

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на земјоделските производи за една година пораснале за 14%, а трошоците за се намалиле за 1,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2024 година, во споредба со октомври 2023 година на цените на растителното се зголемени за 14,7% додека цените на добиточното производство се зголемиле за 11,6%.

Гледано по култури на годишно ниво (октомври годинава – октомври лани) најмногу поскапел зеленчукот за 47,7%. Цената на овошјето пораснала за 6,8%, а на виното за 14,6%.

Цените, пак, на житарките (пченица и ориз) се намалиле за 11%, а на компирот за 3,9%.

На страната на трошоците најмногу пораснала цената на ветеринарните услуги за 9,5% и одржувањето на опремата и на  зградите за 6,4%.

Намалување на цената, пак , е забележана кај ѓубривата за 6% и кај енергијата и кај семињата за 7,4%.

Share This Article