More

    „Зегин“ меѓу најголемите донатори на СОС Детско село

    spot_img

    Компанијата „Зегин“ доби благодарница во рамки на годишниот настан за доделување признанија на најголемите донатори и поддржувачи на СОС Детско село што се одржа минатата недела во Скопје.

    Под мотото „Едно семејство“ и слоганот „Лесно е да чиниш добро, кога многумина помагаат“, на едно место повторно се собраа сите пријатели, поддржувачи, компании и индивидуалци, кои и во изминатата година несебично ги поддржаа трудот, посветеноста и љубовта со која СОС Детското село работи повеќе од 20 години.

    – Ова пријателство со сигурност ќе продолжи и во иднина. Општествената одговорност треба да биде приоритетна мисија на сите компании и поединци. Овие настани треба да бидат поттик и за останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи, бидејќи само на тој начин  може да се создаде општество кое ќе функционира како едно семејство – велат од компанијата „Зегин“.

    Покровителка на настанот беше првата дама на Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, а компанијата „Зегин“ и оваа година се стекна со благодарница за помошта и пријателството со СОС Детско село во изминатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img