Цената на златото од 1982 долари за унца утрово во 8.30 часот му се приближи на досега највисокото ниво од август во 2020 година, но еден час подоцна падна на 1.975 долари за унца.
Порастот на вредноста на златото доаѓа во време кога банкарскиот сектор е под закана, а Централната америкнаска банка продолжи да ја зголемува основната каматна стапка со образложение дека банкарскиот сектор е здрав.
Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека од 2000 година до денес инвестирањето во злато годишно се зголемува за 12% .
Златото имаше највисока цена од 1985 долари за унца во август 2020 година.