More

    Цел свет ја очекува денешната дебата меѓу Трамп и Бајден

    spot_img

    Американскиот претседател, Џо Бајден, и неговиот претходник, Доналд Трамп, денеска ќе се соочат на првата од двете претседателски дебати во Атланта.

    Според анкетите, тие имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите. Трамп и Бајден ќе разговараат за економијата и за војните, но и за миграцијата и за иднината на демократијата.

    Како двајца најстари претседателски кандидати во американската историја, годините сигурно ќе бидат изборно прашање.

    Гласачите во САД во текот на 90 минути на Си-Ен-Ен ќе можат да видат колку се психички и физички силни 81-годишниот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, и неговиот 78-годишен ривал од Републиканската партија, Доналд Трамп, со оглед на тоа што се загрижени за двајцата поради нивната возраст, јави Би-Би-Си.

    Анкетата на Њујорк тајмс и колеџот Сиена во март покажа дека 73% од гласачите сметаат дека Бајден е „престар“ за да биде претседател, додека, пак, околу 42% го рекле истото за Трамп.

    Гласачите во САД сметаат дека кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, е подобар кандидат кога станува збор за економијата, но дека кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, е подобар во однос на зачувување на демократијата.

    Анкетата на Ројтерс/Ипсос покажа дека двата клучни проблема за гласачите во САД се состојбата на демократијата и на економијата, при што 47% од анкетираните веруваат дека Трамп е подобар избор за справување со тој проблем, додека, пак, 37% од нив се со став дека Бајден е подобар.

    Кога станува збор за прашањето за имиграцијата, 44% од анкетираните сметаат дека Трамп е подобар избор, додека, пак, 31% од нив сметаат дека Бајден е подобар.

    Трамп исто така се смета за подобар кандидат за прашањето за надворешни конфликти и тероризам со 40% наспроти 35%, но Бајден е подобар кандидат кога станува збор за одговор на екстремизмот и на заканите по демократијата, со 39% наспроти 33%, што според испитаниците е втор најголем проблем во САД.

    Бајден води и кога станува збор за здравствената заштита, 40% наспроти 29%.

    Во претходните анкети на Ројтерс и на Ипсос, Бајден и Трамп беа главно изедначени, но зголемување на популарноста на Трамп беше забележано во некои сојузни држави.

    Првата дебата ќе се одржи според новите правила, кои се прифатени од двајцата претседателски кандидати.

    Преносот, кој ќе трае час и половина, ќе има две паузи за реклами, што не беше практика во последните три децении, а првпат од 1976 година во студиото нема да има публика.

    И двајцата кандидати се согласија да им се исклучат микрофоните кога не им е редот да зборуваат, што ја намалува можноста за прекинување, но и да нема воведни говори.

    Тие ќе имаат 2 минути да одговорат на прашањето, со реплика од една минута и одговори на реплика. Модераторите исто така ќе имаат дискреционо право да дадат дополнителна минута.

    На крајот од дебатата, кандидатите ќе имаат 2 минути за завршни зборови.

    Милиони луѓе вечерва ќе ја следат дебатата, што ќе ја водат Џејк Тапер и Дејна Беш од Си-Ен-Ен, не само за да ги слушнат програмите, идеите и аргументите на кандидатите, туку и да ја проценат нивната издржливост и способност да влезат во Белата куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img