Откако вчера два разорни земјотреси ја погодија Турција, тлото се уште се тресе. Бројот на загинати надмина 6.000, а Светската здравствена организација соопшти дека се очекува бројката да надмине 20.000. Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени, а спасувачките тимови на терен трагаат по исчезнатите под урнатините.
ТЕК НА НАСТАНИТЕ
19:19
Бројот на жртвите надмина 6.000
Бројот на загинати во Сирија и Турција сега надмина 6.300, потврдија властите. Од нив, најмалку 4.544 загинале во Турција, додека 1.832 лица досега загинале во Сирија.
18:19
Хуманитарна криза од катастрофални размери
Струјата останува со прекини низ погодената област, што е посебен проблем за болниците.
Имаше некои мали подобрувања во Турција, но во северна Сирија многу области сè уште се офлајн. Во исто време, прекините на телефонските линии и интернетот ја отежнуваат реакцијата и координацијата.
Снабдувањето со гас исто така е сериозно нарушено, што значи дека дури и ако луѓето можат да се вратат дома, ќе мора да издржат ниски температури.