More

    Три морничави сличности на убиството во училиштето кај Хелсинки со масакрот во Белград

    spot_img

    Денеска во Финска е ден на жалост за 12-годишникот кој настрада во оружениот напад во основно училиште во градот Вантаа во близина на Хелсинки во кое се повредени уште три деца на иста возраст.

    Полицијата соопшти дека осомниченото момче (12) го признало убиството на своите врсници и целиот напад, но не соопштуваат повеќе детали.

    Јавноста е во целосен шок бидејќи со чудо беше избегнато масовно крвопролевање, а хоророт во Хелсинки по многу нешта потсетува на мајската трагедија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кечмановиќ (13) уби 9 ученици и чуварот на училиштето.

     

    Во расветлувањето на случајот во Финска, забележани се три морничави сличности меѓу момчето-убиец од Вантаа и Коста Кечмановиќ и постои сомнеж дека момчето-убиец од Хелсинки копирал се што правел Кечмановиќ во „Рибникар“.

    Првата сличност е што и двајцата ги таргетирале своите врсници, како што нагласуваат финските медиуми, од чисто лични причини. Исто така, момчето убиец од Финска и Коста Кечмановиќ се речиси на иста возраст кога го извршиле делото.

    Иако Финците не ги објавуваат првите резултати од истрагата во медиумите, како ден е јасно, како што тврдат, дека убиецот од училиштето во Вантаа сакал да ликвидира неколку другари, а не само еден, и дека тие со нешто му се замериле.

    Друга морничава сличност е тоа што и двете момчиња делото го сториле откако се вратиле од малиот распуст, односно по празниците.

    Момчето од Финска го поминало Велигден во друштво на семејството и со пријателите и очигледно планирало уште првиот ден по враќањето во училиште, да се справи со неколку од нив.

    Коста Кечмановиќ зад себе го имаше првомајскиот празник, односно кратокиот распуст, по што на 3 мај се врати на училиште со пиштол во ранецот.

    Третата сличност е тоа што ниту едно од момчињата не покажало сочувство кон жртвата кога биле приведени и испрашувани во полиција, во случајот со Кецмановиќ – жртвите.

    „Момчето не покажува, како што се испоставува, никакви емоции. Како да не е свесен што направил. Или воопшто не му е грижа“ – пишуваат финските медиуми.

    За Коста Кецмановиќ веќе првиот ден по невидената трагедија се знаеше дека нема емпатија за жртвите, што деновиве може да се забележи и кај неговите родители на судењето.

    Што се однесува до трагедијата во финското училиште, 12-годишно момче починало од повредите на лице место, а две девојчиња на иста возраст се повредени и се во тешка состојба во болница.

    Напаѓачот е фатен во предградието на Хелсинки, Силтамаки, а пукањето се случило во училиштето Вијертола, во кое учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение и каде работат околу 90 вработени. Наставата во ова училиште продолжи денеска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img