More

    Земјотресот во Тајван не ги чепна нуклеарните централи

    spot_img

    Загинаа 9 лица, а најмалку 736 се повредени во силниот земјотрес што утрово го погоди Тајван, според најновите информации од локалните власти, а пренесува Би-би-си.

    Силниот земјотрес се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег. Земјотресот, со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, предизвика уривање на неколку згради во Хуалиен, градот најблиску до епицентарот, каде што се во тек спасувачките операции.

    Ова е најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години.

    Сите смртни случаи се во округот Хуалиен.

    Речиси 80 луѓе се затрупани во урнатините, а има и лица заробени во згради и во тунели низ градот, соопштија властите.

    Земјотресот беше почувствуван и во планинската внатрешност на Тајван, предизвикувајќи масовни лизгања на земјиштето.

    Снимките објавени на социјалните медиуми покажуваат урнати станбени згради и луѓе евакуирани од домовите и од училиштата.

    Од паѓањето на фасадите се оштетени и многу автомобили и продавници.

    Низ целиот остров се пријавени прекини во електроднабдувањето и на интернетот.

    Во Тајпеј сè уште се чувствуваат последователни потреси, со најмалку 25 досега, според жителите.

    Во едно видео е прикажан моментот на разорниот земјотрес снимен од автомобилска камера на автопат во источен Тајван.

    Возилата застануваат откако патот ќе почне да се ниша како да е од гума. Автобусот и автомобилите се одбиваат додека земјата силно се тресе.

    Енергетската компанија „Таипауер“ соопшти дека најголемиот дел од снабдувањето со електрична енергија е обновено, додавајќи дека двете нуклеарни централи на островот не биле погодени од земјотресот.

    Тајванскиот оператор за брза железница соопшти дека нема извештаи за штета или за повредени во неговите возови, но рече дека возовите ќе доцнат додека врши инспекции.

    Јапонскиот центар за земјотреси објави дека неколку помали цунами стигнале до јужната префектура Окинава и подоцна го укина предупредувањето за плимниот бран.

    Сеизмолошката агенција на Филипините исто така издаде предупредување за жителите на крајбрежните области и ги повика да се засолнат на повисоките места.

    Земјотресот е почувствувани и во Шангај, Кина.

    Државната новинска агенција соопшти дека тоа е најсилниот земјотрес од 1999 година, кога земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, при што загинаа околу 24.000 луѓе, а уништени или оштетени беа 50.000 куќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img