Трагичен крај за двајца деминери кај Плитвички Езера

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Деминерите Јосипа Бошковиќ (35) и Игор Кирин (44) загинаа денеска во трагедијата при чистење минско поле помеѓу општините Плитвичка Езера и Перушиќ во Лика, Хрватска.

Жената деминер починала на самото место, а нејсиниот колега подоцна, во возилото на Итната помош.

Истрагата на местото на несреќата во минското поле кај Чанка, започнала попладнево, кога условите биле безбедни, но набргу потоа била прекината поради тоа што се стемнилоНадлежните велат дека за да се изврши увид, мора прво да се деминира минското поле, а потоа да се извлече загинатиот пиротехничар. Дури потоа може да започне истрагата.

Трагедијата се случила кога пиротехничарите ја деминирале делницата Врлет-Скокови и во 13 часот и 15 минути наишле на мини кои се активирале.

Градоначалникот на општина Плитвички Езера, Анте Ковач, во изјава за Хина од местото на несреќата рече дека му е жал за жртвите, бидејќи тие помогнале областа да се деминира и да се направи побезбедна, а сега платија со живот.

Како што јавува Јутарњи лист, трагедијата се случила во шума на пет километри од локалниот пат, односно на десет километри од селото Чанак, каде што живеат помалку од деведесет жители.

– Во селото не се слушна детонација, но веста за тоа што се случило брзо се прошири. На нашето подрачје работат многу компании за деминирање бидејќи има уште многу подрачја за кои постои сомневање дека има мини – изјави за Јутарњи лист жител на селото.

Share This Article