More

    Електричен автомобил изгазил посетители на саем во Кина

    spot_img

    Пет лица, меѓу кои и едно дете, биле повредени од електричен автомобил во движење на автомобилски саем во Кина, минатиот месец.

    Со напредокот на технологијата, се подобрува и безбедноста на учесниците во сообраќајот, но понекогаш класичните решенија се подобри. Таков пример е системот за стартување мотор без клуч, кој понекогаш може да биде опасен. Додадете исклучително тивок електричен погон и толпа, а несреќата е само прашање на време.

    Токму тоа се случи на Меѓународната изложба на нови енергетски возила во Нанџинг. На настанот, што се одржал минатиот месец, компанијата „Зеекр“ (Zeekr) го изложила автомобилот „Екстрим криптон икс“ кој во еден момент почнал неконтролирано да се движи поради непочитување на безбедносните правила, објави Карскупс.

    Според последните информации, несреќата се случила бидејќи автомобилот не бил во таканаречениот „Режим на изложба“. Клучот, со копче за „старт“, бил доволно блиску до автомобилот, кај вработен, па посетител случајно го активирал погонот и автомобилот тргнал нанапред, удирајќи во неколку посетители и во две изложени возила.

    Претставниците на производителот ја презедоа одговорноста и официјално се извинија, нагласувајќи дека во иднина ќе бидат повнимателни при изложувањето на автомобилите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img