Топилницата за никел од Кавадарци, на „Еуроникел“ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството, потврдија од компанијата за Плусинфо.
Менаџерскиот тим на денешната седница одлучи електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14 часот. Вработените да бидат испуштени на 70 отсто плата, а подоцна да одат во технолошки вишок.
Ваквата ситуација со Еуроникел, до овој момент ја прави оваа компанија најголема која е жртва на енергетската криза.
Слична информација на денешниот брифинг со новинарите сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.