More

    Титулата „најголем џаболебар“ го налути победникот во лежење

    spot_img

    Победникот на овогодишниот 12 натпревар во лежење во Црна Гора, Жарко Пејановиќ (38), познат како Кнеле од Забјело, синоќа упаднал во просториите на дневниот весник „Дан“ и физички ги нападнал техничкиот уредник и новинар со што се здобиле со повреди, при што искршил  инвентар, бидејќи во информацијата за неговата победа го нарекле „најголем џаболебар“.

    Пејановиќ почнал да прави хаос веќе во рекламниот оддел на „Дан“, па продолжил и во другите редакции. Полицијата интервенирала и тој бил приведен. Денеска тој ќе се најде пред основен јавен обвинител, кој по сослушувањето ќе донесе одлука дали тој ќе заврши во притвор максимум до 72 часа.

    Натпреварот во лежење се одржува секоја година во Етно село Монтенегро во Брезна. Пејановиќ е годинашниот победник по 55 часа непрекинато лежење. Порталот појаснува дека „најголем џаболебар“ веќе неколку години е востановената титула за победникот на овој веќе традиционален натпревар.

    Речиси сите портали во Црна Гора и регионот објавија за натпреварот и сите го користеа изразот „најголем џаболебар“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img