More

    ТИТО ПЕТКОВСКИ – Во овој предлог има премногу замки и непознаници за да можеме со сигурност да ја добиеме партијата,односно да станеме членка на ЕУ.

    spot_img

    Да се разбереме!
    Премногу е сложена состојбата за да може еднострано да се толкува.Власта смета дека,вториот француски предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор е најдобриот до сега и дека шансата треба да се зграпчи.Опозицијата пак и другите критичари,мислат декаприфаќањето на предлогот е предавство и како таков треба без размислување да се отфрли.
    Јас немам дилема дека,модифицираниот француски предлог многу вешто ја замаглува суштината на проблемот и создава привид декс сме на вистинскиот пат.
    Привид,затоа што се чини дека е подобар од првиот француски предлог и дека на Македонија и ги отвара вратите за почеток на преговорите со ЕУ,а во суштина не ја става во рамноправна положба во преговарачкиот птоцес.Сепак,Бугарија има поголема предност на стартот од преговорите.Или,да се изразам со шаховски речник,во секоја партија шах,отварањето има важна улога,но многу по битна е завршницата,за да се добие партијата.
    Во овој предлог има премногу замки и непознаници за да можеме со сигурност да ја добиеме партијата,односно да станеме членка на ЕУ.
    Во ваква ситуација,мислам дека воопшто не треба да брзаме со одлука.Ако чекавме 30 години, сигурно дека можеме да почекаме уште малку време.Пред се’,да се растера маглата и детално да се објаснат позициите на двете држава,во светло на францускиот предлог.
    Бидејќи Бугарија,како членка на ЕУ,ја има целосната подршка од Франција и Германија,како столбови на ЕУ,Македонија мора,целиот преговарачки процес да го води со филигранска прецизност,за да влезе во сигурна завршница .Секој наш потез мора сестрано да биде добро простудиран,за да не влеземе во цајтнот.Од самиот старт на преговорите,целосно зависи и успехот ,кој треба да финишира со полноправно членство во ЕУ.Во оваа шаховска игра меѓу Македонија и Бугарија,место за инпровизации нема,бидејќи влогот е преголем и има историски димензии.Триесетте години од нашиот живот,што ни ги одзеде ЕУ,не ни даваат за право да носиме брзоплети и доволно не обмислени одлуки.
    Македонската влада има обврска детално да ги образложи позициите на двете држави,но и на ЕК во овој преговарачки процес и да укаже на сите проблематични делови од францускиот предлог,доколку ја сака нивната подршка.
    За почеток,би било добро јавноста да дознае,како владата,на јасен и недвосмислен начин ќе обезбеди гаранции за нашиот идентитет,јазик и историјата на која се темели нашата државност.
    Доколку “за овие вредности не се преговара,”како што постојано повторува ,би било добро,за една ваква формулација,владата да се избори да стои ,барем во протоколот што треба да го потпише со бугарската влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img