More

    Тенкови и сухои заминуваат од Крим по вежбите

    spot_img

    Русија повлекува еден воз со тенкови и бомбардери Су-24 кои се лоцирани на „припоениот црноморски полуостров Крим, на југот на Украина, изјави руското Министерство за одбрана во свое соопштение, пишува Дојче Веле. Ова доаѓа во очи на обвинувањата на Западот дека деновиве ќе биде „денот Д“ за руска окупација и тоа, според некои извори, со 150.000 војска.

    „Уште еден воен воз со персонал и со опрема на тенковските единици се врати во постојаните бази“ во областа Нижни Новгород, на повеќе од 1.000 километри од Украина, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

    Овие сили се враќаат во своите гарнизони откако ја завршиле планираната вежба за обука, додаде руското министерство. Како што пренесува агенцијата Интерфакс, портпаролот на руската флота, Алексеј Рулјев, изјавил дека 10 бомбардери Су-24 кои се лоцирани на Крим го напуштиле полуостровот и се префрлени на други аеродроми во Русија во рамки на вежбата.

    Во меѓувреме тензиите растат. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за изведување на операција „лажно знаме“ во побунетиот регион Донбас, каде што беше разурната и една детска градинка, а локалните жители помислиле дека војната навистина почнала.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img