More

    Тејлор Свифт ја освои наградата Греми за албум на годината за „Midnights“ од 2022 година на синоќешното доделување на престижните награди

    spot_img

    Тејлор Свифт ја освои наградата Греми за албум на годината за „Midnights“ од 2022 година на синоќешното доделување на престижните награди, со што стана женски изведувач со најмногу победи во категоријата. Имено, ова и е четврто Греми за албум на годината.

    Наградата претходно ја доби во 2009 година за „Fearless“, во 2015 година за „1989“ и во 2021 година за „Folklore“. По прифаќањето на наградата, Свифт рече: „Би сакала да кажам дека ова е најдобриот момент во мојот живот, но вака среќно се чувствувам и кога ќе направам  некоја песна. За мене вистинската награда е трудот. Сè што сакам е да можам да продолжам да го правам тоа што го работам. Тоа ме прави многу среќна“.

    Свифт му се заблагодари и на продуцентот Џек Антоноф, кого го опиша како еден од нејзините најдобри пријатели. Таа и Антоноф соработуваа на „Midnights“, како и на голем број нејзини претходни албуми. Таа се заблагодари и на пејачката Лана Дел Реј со која работеше на песната „Snow on the Beach“ од албумот.

    „Мислам дека таа е легенда која во моментов е на својот врв“, рече Свифт, пренесува „Си-ен-ен“.

    Свифт, меѓу другото, ги фрли во транс обожавателите, откако синоќа објави дека во април ќе го издаде својот 11-ти албум „The Tortured Poets Department“. Тејлор ја објави насловната страница на Инстаграм веднаш по говорот.

     

    „Midnights“ дебитираше со огромен успех во октомври 2022 година, кога Свифт ги освои сите десет први места на табелата Билборд хот 100, со различни песни од албумот.

    Оваа година таа имаше шест номинации за престижната награда Греми: албум на годината, песна на годината, плоча на годината, поп соло настап, поп дуо настап/групна изведба и поп вокален албум. Таа претходно вечерта ја доби и наградата за најдобар поп вокален албум за „Midnights“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img