More

    Светски ден без тутун: Кој консумира најмногу тутунски производи?

    spot_img

    Бројот на луѓе кои користат тутунски производи, кои се главната причина за респираторни и кардиоваскуларни заболувања, се намалил од 1,26 милијарди во 2020 година на 1,24 милијарди во 2022 година, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

    На иницијатива на агенцијата на Обединетите нации, 9 февруари секоја година се одбележува како Светски ден без тутун со цел да се спречи штетата од пушењето, да се намали употребата на тутунски производи и да се подигне општествената свест.

    Според извештајот на СЗО, бројот на корисници на тутун се очекува да продолжи да се намалува, а се предвидува дека бројот на луѓе кои користат тутунски производи во светот ќе се намали на 1,22 милијарди во 2025 година.

    Во Европа, 179 милиони луѓе користат тутунски производи
    Меѓу регионите во светот, СЗО ја идентификуваше Југоисточна Азија како регион со најголема потрошувачка на тутун во 2022 година.

    „Околу 411 милиони луѓе користат тутунски производи во Југоисточна Азија, потоа 370 милиони во Западниот Пацифик, 179 милиони во Европа, 133 милиони во Америка, 92 милиони во Источниот Медитеран и 60 милиони во Африка“, се наведува во извештајот.

    Од проценетите 1,24 милијарди луѓе ширум светот кои користат тутунски производи во 2022 година – приближно 224 милиони биле жени.

    Производите од тутун кои создаваат голема зависност предизвикуваат респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

    Според СЗО, повеќе од осум милиони луѓе годишно умираат поради консумирање тутун.

    Чадот од цигарите ги погодува и луѓето кои не користат тутунски производи. Влијанието на цигарите за време на бременоста врз здравјето на детето е особено штетно и тоа трае доживотно.

    Нова закана: електронски цигари
    Иако бројот на луѓе кои конзумираат тутунски производи се намалува, употребата на електронски цигари, кои се поделени на никотински и неникотински, станува сè пораспространета во светот.

    Со овие уреди потрошувачите го вдишуваат чадот кој се создава како резултат на загревање на течноста.

    Закана за здравјето на луѓето претставуваат и електронските цигари, кои се продаваат во различни вкусови, за кои експертите предупредуваат дека може да се користат за привлекување помлади потрошувачи.

    Продавачите на електронски цигари дополнително го зголемуваат интересот на младите на социјалните мрежи правејќи ги да изгледаат како играчки.

    Според податоците на СЗО, во 88 земји нема минимална законска старосна граница за продажба на електронски цигари, а во 74 земји нема законска регулатива за овие штетни производи.

    Употребата на овие уреди, кои нудат околу 16.000 вкусови, рапидно расте кај децата и младите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img