More

    Светот се простува од Тина Тарнер, која почина на 83-годишна возраст во Швајцарија

    spot_img

    Светот се простува од Тина Тарнер, која почина на 83-годишна возраст во Швајцарија.

    Социјалните мрежи се преплавени со пораки од нејзините ожалостени обожаватели кои споделуваат спомени од неа и нејзините песни, а едно видео се издвои и стана вирално. Станува збор за настапот на Тина Тарнер и Бијонсе на Греми наградите во 2008 година. Пејачките заедно ја изведоа „Proud Mary“, а видеото од настапот моментално е хит на Твитер.

     

    Инаку, Бијонсе со емотивна порака се прости од својот идол.

    „Моја сакана кралице, те сакам бескрајно. Толку сум благодарна за твојата инспирација и за сите начини на кои си го трасирала патот. Ти си сила и отпорност, ти си олицетворение на моќта и страста. Сите сме толку среќни што сме биле сведоци твојата добрина и прекрасен дух кој ќе живее вечно“, напиша Бијонсе.

    Ова не е првпат Бијонсе јавно да и оддаде почит на Тина Тарнер, таа тоа го направи и во 2005 година.

    „Кога размислувам за инспирација, мислам на две Тини во мојот живот. Едната е мајка ми Тина, а другата е неверојатната Тина Тарнер“, рекла Бијонсе и потоа нагласила: „Никогаш во животот не сум видела толку моќна, жестока и фантастична жена како што е Тина“.

    Да потсетиме, Тина Тарнер почина во својот дом во Цирих по долго и тешко боледување. Детали за нејзиниот погреб се уште не се објавени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img