More

    Судот во Делавер го поништи договорот за исплата – сумата е прекумерна!

    spot_img

    Судот во американската сојузна држава Делавер го поништи договорот за исплата на 55,8 милијарди долари, сумата која во 2018 година на Илон Маск му го додели компанијата Тесла која произведува електрични автомобили. Тужбата ја поднел акционер на Тесла, кој тврди дека станува збор за преголема сума.

    Судијката Кеталин Мекормик ја нарече компензацијата „прекумерна сума“ која е неправедна кон акционерите.

    „Никогаш не основајте компанија во државата Делавер“ – напиша Илон Маск на Твитер.

     

    Договорот за исплата на Маск беше најголемиот досега во корпоративната историја, а благодарение на него Маск стана еден од најбогатите луѓе во светот.

    За време на еднонеделното судење, директорите на Тесла тврдеа дека договорот е направен за да се осигура дека Маск, еден од најдинамичните светски претприемачи, ќе продолжи да го посветува своето внимание на компанијата. Но, судијката изјави дека адвокатите на Тесла и Маск „не можеле да докажат дека акционерите биле целосно информирани за гласањето“, исто како што тој имал „силни врски со луѓе задолжени за преговорите во име на Тесла“.

    – Бидејќи судот утврди дека Маск има контрола над Одборот, тешко е да се оправда трансакција како оваа – изјави за Би-Би-Си Брајан Квин, професор на Правниот факултет во Бостон.

    Во пресудата од 201 страница, судијата Мекормик пресуди дека одобрувањето на исплатата, во кое беше вклучен одборот на Тесла, е „длабоко погрешно“.

    Судијката Мекормик исто така рече дека пакетот за компензација бил договорен од директори на Тесла кои биле „импресионирани од реториката за статусот на Маск како суперѕвезда“.

    – Иако луѓето се вознемирени поради големината на платата, тоа не е клучната работа. Ако комисијата за компензација беше соодветно известена, акционерите немаше да го добијат ова на суд – изјави за Би-Би-Си Реј Ванг, основач и главен извршен директор на консултантската компанија во Силиконската долина Constellation Research.

    Маск на Твитер продолжи да се жали за одлуката на судот во Делавер и ги праша своите следбеници дали не е попаметно да ја пресели компанијата во Тексас.

    „Препорачувам да основате компанија во Невада или во Тексас ако сакате акционерите да одлучуваат за работите“ – напиша Макс.

    Тој потоа објави анкета во која ги прашува своите следбеници дали Тесла треба „да ја промени државата на основање во Тексас, каде што е и физичкото седиште на компанијата“.

    – Тоа е прашање за акционерите на Тесла, а не за неговите следбеници на Твитер. Тој ја третира Тесла како своја, но иако се нарекува себеси техно крал на Тесла, тој не е мнозински сопственик – рече професорот Квин.

    Покрај тоа што е извршен директор и главен акционер на Тесла, Маск поседува и неколку други компании, вклучувајќи ја и социјалната мрежа X, порано Твитер, компанијата за вселенски летови SpaceX и компанијата за невроимплант Neuralink.

    Откако продаде голем дел од својот удел во Тесла за да го купи Твитер, Маск моментално поседува околу 13% од производителот на електрични автомобили, но неодамна изјави дека сака поголем удел во компанијата. Маск рече дека е загрижен за инвестициите на Тесла во технологијата за вештачка интелигенција (ВИ).

    „Не се чувствувам удобно со тоа што Тесла се развива како лидер во вештачката интелигенција и роботиката без да имам 25% контрола над гласовите“ – истакна Маск во објава на социјалните мрежи.

    Тој рече дека сегашната акционерска структура ја прави Тесла ранлива на „преземање од сомнителни интереси“ и дека сака поголема контрола врз насоката во која се движи компанијата.
    „Ако не биде така, повеќе би сакал да произведувам работи надвор од Тесла“ – додаде Маск.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img