More

    Израелскиот премиер не го послушал советот

    spot_img

    Американскиот Џо Бајден го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со нападот врз населениот град Рафа на југот, пишува ТајмсОфИзраел. Во 45-минутен разговор во неделата Бајден му рекол на Нетајаху дека не треба да продолжи со воена операција во Рафа без „веродостоен“ план за заштита на цивилите.

    Во нападот врз Рафа загинаа најмалку 67 Палестинци загинаа, според Министерството за здравство во Газа. Нападите беа и поморски и воздушни. Исто така, израелски снајперисти убија 7 лица во болницата Насер во јужниот град Кан Јунис, според изјавата на портпаролот на Министерството за здравство на Газа.

    Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта спасила двајца заробеници од куќа во населбата Шабура во Рафа.

    Разговорот меѓу Бајден и Нетанјаху е прв разговор меѓу двајцата лидери откако Бајден во четвртокот рече дека одговорот на Израел во Газа е претеран. Тоа се случи кога египетските власти рекоа дека Египет ќе го прекине својот мировен договор со Израел доколку испрати војници во Рафа. Каиро стравува дека борбите би можеле да го затворат главниот пат за снабдување со помош на територијата што ја контролира Хамас.

    Нетанјаху, во интервју за Ен-Би-Си емитувано во неделата, инсистираше на тоа дека операцијата во Рафа ќе продолжи, но дека ќе обезбеди безбеден премин за цивилното население.

    Во израелските напади врз Газа од почетокот на конфликтот досега загинаа најмалку 28.340 Палестинци, а ранети се 67.984 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img