More

    Судот ќе одлучи кој ќе ја води Алијанса на Албанците

    spot_img

    Главната порака од вечерашната средба е дека промените во албанскиот блок мора да дојдат по 24 години. Промената ќе се случи и никој не може да ја запре таа промена, порача вечерва од Гостивар претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на партискиот собир под мотото „Промената започна“.

    Прашан дали официјално ќе влезе во коалиција со албанскиот опозициски блок, вели дека оваа недела ќе се сретне со лидерите на албанската опозиција.

    – Сè уште немаме платформа со опозициските партии. Оваа недела јас сакам да го слушнам и народот во неколку градови. Затоа бевме и во Куманово. Кај луѓето има позитивна енергија. Следната недела може ќе се сретнам со претседателите од албанските опозициски партии, да седнеме да разговараме и да одлучиме кога би направиле официјална коалиција со некоја платформа – рече Таравари.

    Прашан дали ќе формира партија, вели „ако некој смета дека Алијанса за Албанците е нечија сопственост и дека ја донел од дома, ќе му ја однесеме дома и ќе му ја вратиме“.

    – Но партијата е на гласачите, на членството, на луѓето што ја поддржуваат – истакна Таравари.

    Тој пред започнувањето на собирот, објави статус на Фејсбук во кој наведува дека Судот ќе одлучи кој ќе ја води Алијанса на Албанците.

    „Нашата кауза е промена. Несупешни се обидите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат за тоа чија е партијата и кому му припаѓа. Од денес, повеќе нема да се занимаваме со оваа работа. Секој кој има поплаки нека се обрати до судот. Нашата работа се промените кои започнаа. 8 мај секој ден е сè поблиску“ – напиша Таравари во Фејсбук статус.

    Претходно, на Централното собрание на партијата, што се одржа во Скопје, е донесена иницијатива за разрешување на Арбен Таравари од претседател на Алијанса за Албанците, информира Зијадин Села, кој според статут е претседател на партиското собрание на партијата.

    Арбен Таравари, Алијанса на Албанците, партиски митинг, Зијадин Села

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img