More

    Судењето на француската актерска легенда закажано за октомври

    spot_img

    На познатиот француски актер Жерар Депардје (75) во октомври годинава ќе му се суди по обвинение за сексуални напади врз две жени, соопшти обвинителството во Париз.

    Жерар Депардје вчера беше приведен во полиција да одговара поради обвинувањата на две жени дека сексуално ги вознемирувал на сетот во текот на снимањето на филм.

    Депардје вчера целиот ден го поминал во полиција, а вечерта бил ослободен, изјави еден од неговите адвокати.

    – По притворот, на Жерар Депардје му беше врачена покана на кривичниот суд поради сексуални напади кои можеби биле извршени во септември 2021 година врз две жртви во текот на снимањето на филмот „Les volets verts“ – соопштило обвинителството, пренесува Бета.

    Депардје остро ги негира сите овие наводи. Во отворено писмо до јавноста во октомври минатата година, тој рече дека „никогаш, никогаш не злоставувал жена“.

    Депардје долго време се смета за национална икона во Франција. Тој беше глобален амбасадор на француската кинематографија и уживаше меѓународна слава и одигра неколку улоги во Холивуд.

    Инаку, Емануел Макрон застана во одбрана на Жерар Депардје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img