More

    Струјата нема да поскапи ниту по 1 јануари- Бектеши тврди дека се анализираат тарифните блокови за да се заштитат граѓаните

    spot_img

    Струјата нема да поскапи ниту по 1 јануари, а Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба, од страна на универзалниот снабдувач, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    Според него, цената на струјата нема да се зголеми, ниту во блоковите, ниту во целина.

    – Во моментов се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани – нагласи Бектеши.

    Тој информира дека рокот на актуелниот универзален снабдувач истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Генералниот секретаријат на Владата веќе формирал комисија и се работи на спецификацијата на тендерската документација, со вклучени членови од страна на Македонската академија на науките и уметностите

    – Во почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач и се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ. Согласно став 5 од членот 10 РКЕ ќе има право да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба – појасни Бектеши.

    Кога се утврдува цена на електрична енергија, посочи министерот, генерално најважен импут е цената која ЕСМ ќе ја даде кон универзалниот снабдувач, којашто двапати годишно ја утврдува Владата на затворена седница и може да влијае колку ќе биде цената на потрошувачите.
    -Со последните измени универзалниот снабдувач во тендерска постапка конкурира за профитна маржа која ќе ја има за следните 5 години. Сега е околу 11% согласно тендерот што беше пред 5 години. Во наредната година ќе видиме каква цена ќе добиеме, убеден сум дека ќе биде под 11% отсто и имајќи ги во предвид сите влезни параметри и секако дека снабдувањето што се прави кон МЕПСО во делот на загубите и на системските услуги кои тие ги даваат, а таму треба електрична енергија ние таму имаме фиксна цена која ја нуди ЕСМ, секако дека целосно речиси влијанието ќе биде од страна на државните институции во делот на утврдување на цената. Ние не можеме да влијаеме само во делот на маржата која се добива во тендерска постапка од универзалниот снабдувач, дали тоа ќе биде 10, 11, 12 или пак ќе биде девет или осум тоа ќе зависи од понудите кои ќе бидат добиени наредната година во делот на универзалниот снабдувач – рече Бектеши.

    Прашан дали има простор цената на струјата да се намали под 53 евра за мегават час бидејќи се намалуваат субвенциите во ЕСМ, тој повтори дека не сака да објавува податоци пред да се донесе одлука на седница на Владата, но нагласи дека секогаш приоритет ќе бидат домаќинствата и граѓаните за да им се зголемат трошоците.

    -ЕСМ веќе има потпишано со ЕБОР Договор за заем од околу 100 милиони евра за нивната ликвидност и во делот на можноста за тие да се снабдуваат со различни енергенси за потребите за производство на електрична енергија. Тие средства вио моментов се во функција и тие во таа рамка треба да работат. Кој не работи во таа рамка секако дека треба да има одговорност. Нема зошто да зборуваме ние со менаџментот на ЕМС, кога овие одлуки веќе се донесени од страна на Владата, а водено заемот е донесен дополнително и од страна на пратениците кои директно се претставници на граѓаните – рече Бектеши.

    Кратењето на субвенциите, прецизираше тој , е за да се зголеми ефикасноста од страна на ЕСМ за да ги намали производствените трошоци кои ги имаше претходната година со зголемување на цената на јагленот, на природниот гас во делот на топлинската енергија, на механизацијата…

    Бектеши повтори дека влијанието на бугарската такса во цената на електрична енергија речиси е нула заради тоа што ЕСМ освен за топлинската енергија за производство на електрична енергија не користи природен гас за потребите на регулираниот пазар.

    -Генерално, речиси 50% од потребите на природен гас се користат од страна на ТЕ-ТО компанија која е целосно на слободен пазар и не како претходно што им даваше на ЕСМ електрична енергија со одлука на Владата со утврдена цена, моментално ја продава во слободен пазар не за потребите на домаќинствата и за потребите на малите потрошувачи. ЕСМ ги покрива потребите на домаќинствата, на нашите граѓани, и на микро и малите компании, преку своето производство каде што природниот гас речиси нема никаква улога – појасни Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img