More

    Столтенберг се сретна со Шмит и јасно му кажа што мисли за пораките од РС

    spot_img

    Во понеделникот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му даде целосна поддршка на високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, а тоа го стори додека беше нападнат од властите на Република Српска, кои со поддршка на Русија , се обидуваат да ја оспорат законитоста на назначувањето на Шмит на сегашната функција.

    За време на официјалната посета на Босна и Херцеговина, Столтенберг во Сараево се сретна со Шмит, кој потоа изјави дека целосната соработка на дејтонските институции, од кои една е ОХР, и НАТО е клучна за да се обезбеди владеење на правото во Босна и Херцеговина.

    „Ни треба поддршка од ЕУ и НАТО во спроведувањето на мандатот“, рече Шмит, кому функционерите на РС му го оспоруваат правото да наметнува закони и да разрешува избрани функционери, со тврдења дека тој не бил легално избран како висок претставник бидејќи назначувањето го врши Управниот комитет на Советот за спроведување на мирот (ССМ), не беше предмет на расправа и потврда во Советот за безбедност на ОН.

    Столтенберг на средбата со Шмит јасно покажа дека ги отфрла ваквите тврдења, а соработката со Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) ја оцени како одлична, најавувајќи дека таква ќе остане.

    Тој изјави дека НАТО е посветен на обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина и сака таа да биде мирна и стабилна земја, а за тоа во моментов му е потребна поддршка од меѓународната заедница, вклучително и од ОХР.

    Секој обид за поткопување на вашата позиција ја враќа Босна и Херцеговина наназад“, рече Столтенберг пред Шмит.

    Тој потврди и дека НАТО е целосно подготвен да соработува со воените сили на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, чија задача е да ја гарантираат безбедноста на Босна и Херцеговина. Тој нагласи колку е важно што претходно овој месец Советот за безбедност на ОН едногласно одлучи да ја продолжи мисијата „Алтеа“.

    „Не можеме и нема да дозволиме безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Столтенберг, јасно алудирајќи на постојаните шпекулации дека Русија со своето вето во Советот за безбедност во одреден момент може да го блокира продолжувањето на мисијата „Алтеа“ поради нејзините интереси.

    Високи претставници на НАТО претходно најавија дека во тој случај Алијансата ќе дејствува и ќе преземе одговорност за безбедноста во Босна и Херцеговина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img