More

    Стојановски објасни зошто потрошувачката кошничка е намалена за само 57 денари

    spot_img

    Цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМЕ Бојан Стојановски.

    – Додека пратеничката Јована Тренчевска на прес-конференција ги оквалификува мерките на Владата како мерки што не дале резултат и ССМ во соопштението за синдикалната кошничка укажа дека мерките дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на т.н. технички грешки во кои се промашуваат процентите за покачување на минимална плата и веднаш потоа се аплицира тоа што е кажано во Собранието – рече пратеникот Стојаноски.

    Тој појасни дека целокупната синдикална кошничка се намалила само за 57 денари, но тоа е поради поскапувањето на облеката.

    – Доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека нема драстично намалување не заради мерките на Владата, тукушто заради зголемувањето на цената на облеката. Мерките  со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат резултат. Исто и мерката за ограничување на бруто- маржата како и Законот за нефер трговски практики. Апелираме до пратеничката група на СДСМ да станат посериозни, да не се случуваат повеќе технички грешки, бидејќи еднаш беше таков случај со амандманите за ребалансот на буџетот, сега е и втората техничка грешка – рече Стојановски.

     

    Во Собранието, додаде тој, е потребна сериозна опозиција, а не опозиција која што за дневно-политички теми исфрла памфлет-закони што нема да го подобрат животот на работниците.

    Стојановски најави дека во буџетот за 2025 година има „многу позитивни изненадувања за сите работници во Македонија, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор“. Ги повика пратениците од СДСМ да подготват амандмани за сериозно да го подобрат тој текст, а не да се пишуваат „закони што немаат врска со реалноста“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img