More

    Стоилковски објави документи за незаконски поврат на ДДВ од струмичка фирма

    spot_img

    Лага е дека е спречен криминал за поврат на ДДВ, исплатени се 22 милиони евра од УЈП по основ на поврат на ДДВ, а всушност се работи за криминал, обвини  денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум  Стоилковски кој покажа документи како потркрепа на своето тврдење.

    – Се работи за добро разработена шема на извлекување на пари по однос на поврат на данок на додадена вредност коишто се бројат во милионски суми евра. Но, овие документи докажуваат и дека Сања Лукаревска не ја говори вистината. Не е спречен поврат на ДДВ, како што тврди. Напротив, има загубени најмалку 22 милиони евра- рече тој.

    Тој како што најави ќе ги објавува фирмите кои неправилно добиле поврат на ДДВ. Една од нив е и  струмичката фирма АКТИКО ТЕКСТ, регистрирана со 5.000 евра во април 2022 година, за трговија со текстил на големо.

    – Основач е Зуле Кармзова, која по само три месеци има побарување до УЈП за поврат на ДДВ од 10,5 милиони евра, за увоз на стока од 50 милиони евра. Фирмата со толку стока потоа пријавиле само 3 илјади евра за данок, иако вредноста УЈП ја проценила на 8,5 милиони евра. Кармзова, со 10,5 милиони евра поврат на ДДВ од купена стока на 50 милиони евра стока, одеднаш на 29 декември 2022 ја продава АКТИКО на Егзон Бериша од Косово – појаснува Стоилковски.

    Тој додаде дека фирмата сменила адреса од Струмица во Визбегово, а го сменила и името од АКТИКО ТЕКСТ во ОКИТНА ТРЕЈД.

    – Таа фирма за три месеци 2023та, искористува поврат на ДДВ нови 0,5 милиони евра за набавена стока од 14 милиони евра. И таа треба да плати 2,7 милиони евра, ама пријавиле 15 илјади евра данок. За појасно, вкупно оваа фирма, од април 2022 до март 2023, искористила 11 милиони евра поврат на ДДВ, треба да плати 11 милиони евра данок за стока за која вкупно пријавила до УЈП само 18.000 евра. А во декември сменила сопственик, од Струмица на Косово, и адреса од Струмица во Визбегово – вели Стоилковски.

    Тој вели дека во јули 2023, УЈП сака да направи увид во книгите, но за Зуле Кармзова од Струмица фирмата е продадена и со неа приказната завршува.

    -УЈП не може да го најде новиот сопственик Егзон Бериша од Косово, ниту пак неговата документација. Според податоците што ги има, УЈП го бара преку МВР. А одговорот е следен: Егзон Бериша не постои, има друго лице со тој број на пасош, а тој во Македонија таа година воопшто не влегол. И УЈП констатира дека нема деловни книги, сметководство и дека фирмата со непостоечки газда должи над 11 милиони евра! Ама сега нема кој да плати- рече Стоилковски.

    Според него, спорно е зошто УЈП не реагирала цела година.

    -Зошто УЈП спиела цела година? Нова фирма одеднаш пријавува поврат за енормни 50 милиони евра? Па не прашува зошто со стока од 50 милиони евра пријавува 15.000 евра данок? Не прашува зошто по само 8 месеци, со поврат на ДДВ фирма од 11 милиони евра – фирмата се продава? И најважното дали во УЈП воопшто се сетиле дека оснивачката на АКТИКО, Зуле Кармзова, која по три месеци работа побарува 10,5 милиони евра поврат на ДДВ, дали таа не е сопруга на Кармзов чија што фирма во јуни 2020 беше една од петте вмешани во ист криминален скандал, за 4 месеци извлечени над 5 милиони евра по основ на поврат на ДДВ? Значи стара шема, позната шема, со речиси исти играчи – праша Стоилковски.

    Според него, ова докажува дека Сања Лукаревска не ја кажа вистината, УЈП нема спречено поврат на ДДВ на криминален начин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img