More

    Сто и дванаесет години од раѓањето на истакнатиот македонски писател, Ванчо Николески

    spot_img

    Ванчо Николески (Црвена Вода, Општина Дебрца, 10 јуни 1912 – Црвена Вода, Дебрца, 15 април 1980) — македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина.

     

    Ванчо Николески е роден во селото Црвена Вода -Општина Дебрца. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија. По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија. Починал во Охрид, во 1980 година.

    За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите: ,, 11 Октомври ,, Климент Охридски“ и „Младо поколение“.

    Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик

    Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата ,, Ванчо Николески “ за книга за деца и млади.

    Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втора светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник ,, Титов пионер “  Негови најпознати дела се:

    • „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946)
    • „Мице“ (поема, 1947)
    • „Школско ѕвонче“ (песни, 1947)
    • „Прва радост“ (песни, 1947)
    • „Бабино вретенце“ (песни, 1948)
    • „Крај огниште“ (песни, 1948)
    • „Дедови приказни“ (песни, 1950)
    • „Шарено торбиче“ (песни, 1950)
    • „Татковина“ (песни, 1950)
    • „Мое село“ (песни, 1950)
    • „Чуден свет“ (песни, 1952)
    • „Чудотворен кавал (раскази, 1952)
    • „Мојот ден“ (сликовница, 1952)
    • „Стани, Коле“ (песни, 1952)
    • „Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953)
    • „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил 1954)
    • „Приказни и бајки за деца“ (1955)
    • „Чудни случки“ (раскази, 1958)
    • „Цвета смета“ (сликовница, 1960)
    • „Волшебното самарче “ (роман, 1962)
    • „Приказни од моето село“ (раскази, 1964)
    • „Гоце Делчев “ (роман, 1964)
    • „Чуден дедо“ (песни, 1964)
    • „Под виорното знаме“ (роман, 1967)
    • „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)
    • „Малиот ловец“ (раскази, 1970)
    • „Станко спанко“ (песни, 1972)
    • „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)
    • „Рачко плачко“ (песни, 1973)
    • „Крвави години“ (хроника-роман)
    • „Жива книга“ (раскази, 1978)

    Општина Дебрца во негова чест во Спомен училиштето во село Црвена Вода е сместена Спомен собата на писателот Ванчо Николески со која се овозможува почитување на ликот и делото кој го остварил писателот, Ванчо Николески за Македонија како и непроценливите писателски дела и творештво со кои ја прават Општината Дебрца и селото Црвена Вода препознатливи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img