Стерлинг објасни зошто се пресели од Манчестер во Челзи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Крилниот напаѓач Рахим Стерлинг објасни зошто решил да се пресели во Челзи од Манчестер сити.

– Не можам да губам време. Требаше да го задржам своето ниво и да добијам нов предизвик. Од 17-годишна возраст бев стартен играч. Не можам на врвот на кариерата да не играм редовно. Не можев да дозволам тоа да се случи. Имам таков карактер што се обидов да се борам да ја сменам ситуацијата, но тоа не се случи. Преселбата во Челзи беше во согласност со моите лични цели и желбите на моето семејство. Ми се допаѓа правецот во кој се движи клубот. Челзи се бори за трофеи, овој тим само ќе биде подобар. Се чувствувам како да сум се вратил дома во Лондон. Одамна заминав од тука, тогаш имав 14 или 15 години – изјави Стерлинг.

Во убави спомени ќе му останат годините поминати во Манчестер сити.

– Секако, беше тешко да си заминам, со оглед на тоа колку години поминав во Манчестер Сити. Со овој клуб се поврзуваат многу спомени, таму доживеав многу пријатни моменти. Научив многу за себе – додаде Стерлинг.

Дваесет и седумгодишниот Стерлинг со Челзи потпиша петгодишен договор за околу 50 милиони фунти.

Share This Article